Оглас за финансиски и административен асистент
ГО ПРОШИРУВАМЕ ТИМОТ!
Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата?
Искористете ја оваа можноста која Ви ја нудиме и станете дел од нашиот успешен тим. Доколку сметате дека сте подготвени за работа во областа на финансиско раководење и администрација, продолжете да читате.
НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:
Работна позиција: Финансиски и административен асистент
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
Квалификации:
- Искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти
финансирани од странски донатори - Искуство со користење на финансиски и административен софтвер
- Минимум две години соодветно работно искуство
- Завршено високо образование (ќе се смета за предност)
Лични карактеристики и вештини:
- Професионалност и посветеност
- Способност за работа под притисок и куси временски рокови
- Транспарентност
- Тимска работа
- Лојалност кон организацијата и нејзините цели
Опис на главни работни задачи:
1. Поддршка при подготовка на финансиско – административни документи за
проектно работење;
2. Следење и евиденција на буџетски трошоци на грантови;
3. Подготовка на месечни финансиско – административни извештаи;
4. Архивирање на документи;
5. Поддршка во подготовка на буџети и завршни сметки на НМСМ;
6. Обезбедува усогласеност на трошењата со внатрешните политики и
процедури;
7. Ги следи трошоците во рамки на буџетите и подготвува месечни, квартални и
годишни финансиски извештаи и извештаи за донатори;
8. Учествува во подготовка на годишен буџет и проектни буџети за нови проекти;
9. Води попис на инвентар;
10. Административно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата,
спроведување канцелариски набавки и услови;
11. Спроведува и други програмски задачи и задолженија во согласност со
моменталните потреби на НМСМ и во координации со Генералниот секретар;
12. Редовна координација со Генералниот секретар, финансиско-
административен менаџер и останатите вработени во Секретаријатот.
ШТО НУДИМЕ?
- Позитивна работна средина
- Простор за професионална и лична надградба
- Флексибилно работно време
- Платен годишен одмор од 24 дена
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
- Почетна плата: 22000 денари, нето износ.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил
адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Финансиски и
административен асистент во НМСМ најдоцна до 20.10.2021 до 23:59 часот.
* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за
исходот.
** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го
продолжи повикот.