Повик за експерт/ка за анализа за нееднаквости помеѓу млади
За проектот:
Главна цел на проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“ е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да станат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот на земјата, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво. Проектот ќе развие и креира комуникациски производи насочени кон јазот во родовата нееднаквост за општата јавност, едуцирајќи ја јавноста да биде свесна за родовите пристрасни улоги, норми и ставови.
За ангажманот:
Експертот/ката или правниот субјект ангажиран за изработка на анализа која ќе ги детектира родовите стереотипи и нееднаквости помеѓу младите лица во Северна Македонија. Анализата треба да се фокусира:
- Родови стереотипи помеѓу млади лица;
- Родови предрасуди помеѓу млади лица;
- Извори од каде потекнуваат родовите предрасуди и стереотипи;
- Креирање и ширење на предрасуди и стереотипи (училишта, факултети, институции, семејство, пријателски круг итн);
- Комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на млади девојки и жени;
- Потребите на младите девојки и жени за активно вклучување во општеството;
- Канали за комуникација кои се преферираат од младите со фокус на девојки и жени.
Очекувани резултати:
Експертот/ката или правниот субјект ќе треба да:
- Креира методологија според која ќе се реализира истражувањето;
- Да развие прашалник за теренска анкета;
- Да презентира насоки за работа пред теренските работници пред започнување на теренската работа;
- Да направи обработка на прибраните прашалници во форма на национална анализа;
- Да учествува на настан за промоција на анализата и да ги презентира резултатите.
Потребни квалификации:
Експертот/ката или правниот субјект треба да ги исполнува следните услови:
- Најмалку 5 години искуство во работа со млади, родова еднаквост и вклучување на маргинализирани групи;
- Завршено високо образование ќе се смета за предност;
- Најмалку 5 години искуство во областа на креирање на анализи и прибирање на податоци;
- Најмалку 5 години искуство во креирање на методологија за репрезентативни истражувања;
- Претходно искуство во соработка со граѓански сектор;
- Најмалку 5 години постоење и активно работење (доколку се аплицира како правен субјект).
Начин на аплицирање:
Понудата се се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1-1, 1000 Скопје) или скенирана на е-поштa [email protected]. Како наслов на електронската порака наведете: ,,Апликација/Понуда за тендер бр. 09-70/1, најдоцна до 08 јануари 2023 година.
Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
- Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
- Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година
- Методологија (анекс 6)
- Биографија на експертот со референци/Портфолио на правниот субјект и биографии на тимот кој ќе работи на анализата
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, анекс 3)
- Потпишана изјава (за правни субјекти) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4).
Сите потребни документи можете да ги најдете на овој линк.
Целиот повик е достапен на овој линк.