Повик за Kонсултант за евалуација на стратегии

За проектот:

Балкански млади: Поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.

За ангажманот:

Консултантот е потребно да направи детална евалуација за постигнувањата и реализирањето на 2 национални стратешки документи и тоа:

а) Нaционална стратегија за мали и средни претпријатија (2018 – 2023);

б) Национална стратегија за претприемачко учење (2014 – 2020).

Процесот на евалуација треба да опфати детална анализа на постигнувањата по приоритетни области и целите на погоре наведените национални стратегии, со посебен фокус на младите како целна група, како и процес на консултативни средби со релевантни чинители од кои ќе произлезе соодветен документ со препораки за унапредување на политиките за младинско претприемништво.

Консултантот ќе биде ангажиран за вкупно 24 работни дена, а целиот ангажман/планираните работни денови мора да завршат најдоцна до 20 Февруари 2023 год.

Очекувани резултати:

Се очекува консултантот да ги исполни следните задачи:

  • Да подготви детална анализа на постигнувањата по приоритетни области и цели на националната стратегија за мали и средна претпријатија (2018 – 2023);
  • Да подготви детална анализа на постигнувањата по приоритетни области и цели на националната стратегија за претприемачко учење (2014 – 2020);
  • Да организира 1 консултативна средба со претставници на релевантни инситуции за имплементацијата на Националната стратегија за мали и средна претпријатија (2018 – 2023);
  • Да организира 1 консултативна средба со претставници на релевантни инситуции за имплементацијата на Националната стратегија за претприемачко учење (2014 – 2020);
  • Да подготви документ со препораки за имплементацијата на двете стратегии;
  • Подготовка на извештај за процесот на евалуација.

Потребни квалификации:

  • Соодветно високо образование во областа на бизнис администрација, право, политички науки или други општествени науки;
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во активности поврзани со анализа, мониторинг и евалуација на политики во области поврзани со претприемништво и/или пазарот на труд;
  •  Познавање на законодавството и состојбите на пазарот на труд и претприемништвото во Република Северна Македонија;
  • Искуство во подготовка на стратешки или друг вид документи и презентирање на наоди.


Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават документи до 29.12.2022 година, на [email protected], со наслов „Апликација за консултант – By Leap – назив/име и презиме”. Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:

  • Кратка биографија на експертот со референци;
  • Финансиска понуда (документ во прилог, Aнекс 3);
  • Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
  • Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, Aнекс 4);
  • Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, Aнекс 5);
  • Предлог методологија за реализација ангажманот (Анекс 6).

Сите потребни документи за аплицирање се достапни на овој ЛИНК.

Целосниот повик е достапен на овој ЛИНК.

Сподели