Повик за номинации за Награда за младинско учество

ЗА НАГРАДАТА 

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. Наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. 

Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.

КАТЕГОРИИ НА НАГРАДИ

Ќе се доделат 3 награди, по една награда по категорија:

  1. ИНДИВИДУАЛНА КАТЕГОРИЈА ЗА МЛАДИ (НА ВОЗРАСТ 15-29 ГОДИНИ)
  2. КАТЕГОРИЈА НА НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ НА МЛАДИ (ОД НАЈМАЛКУ 3 ЧЛЕНОВИ)
  3. КАТЕГОРИЈА НА МЛАДИНСКИ  ОРГАНИЗАЦИИ, ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МЛАДИ И ЧАДОР МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

НАСОКИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НОМИНАЦИЈА

Номинациите за секоја од категориите можат да бидат поднесени од страна на индивидуални лица, организации, институции, медиумски сектор, бизнис сектор или други членови на заедниците. Наградите ќе бидат доделени и презентирани на пошироката јавност на Меѓународниот ден на младите (12 август 2022) во Скопје.

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следните линкови:

  1. ИНДИВИДУАЛНА КАТЕГОРИЈА ЗА МЛАДИ (НА ВОЗРАСТ 15-29 ГОДИНИ)
  2. КАТЕГОРИЈА НА НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ НА МЛАДИ (ОД НАЈМАЛКУ 3 ЧЛЕНОВИ)
  3. КАТЕГОРИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МЛАДИ И ЧАДОР ОРГАНИЗАЦИИ

Рокот за поднесување на номинации е до 7 јули 2022, 23:59 ч.

По завршувањето на процесот за поднесување номинации, ќе биде селектиран потесен круг на кандидати по категорија, кои ќе продолжат во понатамошната фаза на јавно онлајн гласање.

Целиот повик за номинации е достапен на следниот линк.

Сподели