ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ НА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на член на Управен одбор на НМСМ. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

 

Според Статутот на НМСМ улогата на Управниот одбор е претставена преку:

Член 39 – Управен одбор

(1) Помеѓу две седници на Генералното собрание, со работата на НМСМ управува Управниот одбор.

(2) Управниот одбор го сочинуваат 3 (три) до 5 (пет) члена, од кои најмногу 3 (три) се избираат од страна на Генералното собрание, додека претседателот и потпретседателот на НМСМ се членови на Управниот одбор по функција.

(3) Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.

(4) За својата работа, членовите на УО добиваат надоместок.

(5) Управниот одбор може полноважно да работи доколку на седниците присуствуваат повеќе од половина од неговите членови.

(6) Управниот одбор одржува седници најмалку еднаш месечно.

(7) Одлуките на Управниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови, освен ако за одделни прашања не е поинаку определено со овој статут.

(8) Работата на Управниот одбор се регулира со посебен Деловник што се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број од неговите членови.

 

Согласно член 40 од Статутот на НМСМ, Управниот одбор ги има следниве надлежности:

а) Раководи со НМСМ помеѓу две седници на Собранието;

б) Ги спроведува донесените одлуки и заклучоците на Собранието;

в) Распишува конкурс за генерален секретар, го избира и го разрешува него;

г) Ги застапува интересите на организацијата и нејзините членки

д) Учествува во обезбедувањето финансиска поддршка за работата на организацијата;

ѓ) Поднесува извештај за својата работа пред Собранието;

е) Врши надзор на работата на Генералниот секретар;

ж) Предлага измени и дополнувања на Статутот, како и донесување нов статут;

з) Донесува одлуки за формирање комисии и тела за извршување работи од негова

надлежност;

ѕ) Донесува правилници и други акти со кои поблиску се регулираат определени прашања во врска со работата на НМСМ;

и) Го утврдува износот на годишната членарина;

ј) Именува претставници на НМСМ во други организации, здруженија, органи на власта и меѓународни организации;

к) Работи во насока на постигнување на целите и остварување на принципите на НМСМ и целокупниот развој на организацијата;

л) Врши други работи во согласност со овој статут, интерните акти на НМСМ, позитивно-правните прописи, како и работи кои не се во надлежност на ниту еден друг орган на НМСМ.

 

Изборот на членови на Управниот одбор е регулиран со Член 63 од Статутот на НМСМ:

(1) Членовите на Управниот одбор се избираат со мандат во времетраење од две години, со можност за еден реизбор.

(2) Изборот на членовите на Управен одбор се спроведува врз основа на кандидатска листа на која под редни броеви по азбучен ред се наведени имињата на сите предложени кандидати.

(3) Секој член на Генералното собрание има право да гласа за најмногу 3 кандидати од листата.

(4) За избрани ќе се сметаат оние кандидати што добиле најголем број гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови на Собранието.

 

Сите полноправни организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.

Пријавувањето се врши со:

При пополнување на формуларот, кандидатите за член на Управниот одбор е потребно да ги прикачат следниве документи:

  • Писмо за поддршка од организација која што го номинира;
  • CV на кандидатот;

 

Кандидатот за член на Управниот одбор мора да биде на возраст од 18-35 години. Формуларот треба да се пополни најдоцна до 14 мај 2023 година, 23:59 часот (Централно европско време).

За повеќе информации обратете се на електронската адреса на НМСМ, [email protected] или на телефон 078 350 531.

Сподели