ПОВИК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИИ КОН НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА
Сакате да се вмрежите и да соработувате со други организации кои работат на локално, регионално и национално ниво? Тогаш НМСМ е вистинската мрежа за вас!
На кого се однесува повикот?
- Младински организации,
- Организации за млади,
- Сојузи,
- Подмладоци на други организации
- Универзитетски собранија.
Дел од придобивките на членувањето во НМСМ се:
- Соработка и заедничко делување со организации од целата држава за подобри услови за младите;
- Вмрежување и партнерство со организации кои имаат ист или сличен делокруг на работа;
- Учество во процеси при креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите;
- Можност за застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку соработка со институциите;
- Развој на капацитетите преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации пред институциите и засегнатите страни;
- Информации и известувања за можностите и проектите кои ги нудат останатите организации;
- Промовирање на вашите активности, настани и ресурси преку платформата Млади.мк.
За НМСМ:
Преку програмата за стратешки развој на НМСМ, активно креираме и имплементираме активности во насока на градење на капацитетите на сите форми на младинско организирање како и поддршка на младите лица во секој аспект од нивното секојдневие. Во оваа насока, клучните области во кои ја имаме изградено својата експертиза се развој и градење на капацитетите на формите на младинско организирање, личен и професионален развој на млади, благосостојба на млади и младински стандард, соработка со национални и меѓународни институции/организации и други чинители а во насока на поддршка на формите на младинско организирање, истражувања поврзани со млади и форми на младинско организирање и застапување базирано на овие истражувања.
Програмата за добро владеење се фокусира на поттикнување и предводење на процеси за креирање на младински политики; унапредување и мониторирање на веќе-постоечките; застапување и соработка со/пред сите релевантни чинители (национални, регионални и меѓународни) со цел унапредување на положбата и благосостојбата на младите. Програмата има за цел да ги афирмира младите како активни носители на права. Оттаму, клучни области на работа на програмата за добро владеење се: младинско учество; младински политики; истражувања и застапување поврзано со младинско учество и младински политики; политики за младински стандард; политики за вработување; соработка со национални и меѓународни институции/организации.
Како да аплицирате?
На [email protected] испратете ни ги скенирани документите заедно со
пополнетиот образец за прием во членство најдоцна до 31 октомври 2022, до 23:59 часот.
1. Пополнет образец – барање за прием во членство;
2. Статут;
3. Тековна состојба (не постара од шест месеци);
4. Организациска шема;
5. Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години;
6. Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок орган на управување;
7. Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
8. Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период, од најмалку 6 месеци.
По завршување на административниот дел и комплетирање на документацијата, нашиот тим ќе дојде на посета кај вас да се запознаеме и да ни кажете повеќе за вашата организација и интересот за членство во НМСМ. Одлуката за членство ја донесува Собранието на НМСМ.
Во продолжение може да ги прочитате критериумите за полноправно и придружно членство кои се наведени и во Статутот на НМСМ.
Младинска организација – полноправно и придружно
Организација за млади – полноправно и придружно
Подмладок на организација – полноправно и придружно
Сојузи – полноправно и придружно
Универзитетски собранија – полноправно и придружно
За секакви прашања обратете се на [email protected] или на 078 350 531.