Повик за обучувачи за кариерно насочување
Национален младински совет на Македонија отвара повик за 30 млади лица кои имаат интерес да ги прошират своите знаења во областа на кариерното советување и директната работа со млади лица на кои им е потребно кариерно насочување.
Учесниците на обуката по успешно завршување ќе бидат ангажирани да спроведат најмалку 10 обуки за кариерно насочување во средните училишта на територијата на Република Северна Македонија.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– Да се дипломирани или студенти во завршни години на психологија, социјална работа, педогодија, специјална едукација и рехабилитација;
– Да се слободни од 15 до 17 јануари за целосно и активно да ја следат обуката;
– Да имаат можност да патуваат помеѓу февруари и јуни со цел реализација на 3 групни кариерни советувања во средни училишта;
– Да имаат искуство во работа со млади лица.
За пријава, сите заинтересирани млади лица треба да го пополнат формуларот на следниот линк (во формуларот се прикачуваат и Кратка биографија и писмо за мотивација), најдоцна до 12.01.2025 година, до полноќ. Избраните учесници ќе бидат известени на 13.01.2025.
Целосниот повик и детални информации се достапни овде.