Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организација: 15 младински организации, 21 организација за млади, 1 сојуз, 4 подмладоци на други организации, 1 универзитетско студентско собрание и 9 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.
Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.
Во моментов во НМСМ функционираат две програми, програма за добро владеење и програма за стратешки развој.
НМСМ
ВИЗИЈА
Независен, автономен и инклузивен младински сектор кој ги претставува младите во Македонија.
МИСИЈА
Мисијата на НМСМ е да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.
ЦЕЛИ
-
Зајакнување на улогата на НМСМ како претставничко тело на младите и младинските организации;
-
Поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите;
-
Застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку претставување на нивните интереси пред институциите;
-
Обединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации;
-
Промоција на неформалното образование и поттикнување на креирање системи за поддршка на млади на локално и национално ниво;
-
Унапредување на положбата на младите во општеството преку: – Промоција и дејствување кон зајакнување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки, – Промоција на младински активизам, младинско информирање и активно граѓанство помеѓу младите;
-
Унапредување на еднаквоста, третманот на младите, толеранција и демократијата кај и помеѓу младите.
Управен одбор
Помеѓу две седници на Генералното собрание, со работата на НМСМ управува Управниот одбор составен од 3 до 5 членови избрани од Собранието на НМСМ, од кои еден се назначува за Претседател, а еден за Потпретседател на Советот. Управниот одбор ги спроведува донесените одлуки и заклучоци на Собранието и работи во согласност со целите и вредностите на Советот. Членовите кои го сочинуваат Управниот одбор на НМСМ, наведени со својата функција соодветно се:
Филип Ивковски
Претседател
Сотир Габелоски
Потпретседател
Панде Ефтимов
Член на Управен одбор
Зоја Таревска – Петрушевска
Член на Управен одбор
Мартина Јачевска
Член на Управен одбор
Секретаријат
Секретаријатот на НМСМ е оперативен орган кој е задолжен за спроведување на сите активности од областа на тековното работење на НМСМ кои не се во надлежност на други органи и тела. Со Секретаријатот на НМСМ раководи Генералниот секретар, а останатите членови на Секретаријатот се координаторите кои раководат со посебните оддели, како и асистентите кои му даваат целосна поддршка на Секретаријатот во своето работење. Секретаријатот на НМСМ го сочинуваат следните членови:
Мариана Ангелова
Генерален Секретар
Јана Јосифовска
Финансиски и Административен менаџер
Aне Матевска
Програмски менаџер
Aлександра Филипова
Програмски менаџер
Сара Ристеска
Програмски координатор
Албина Сефадини
Програмски координатор
Ангела Атанасовска
Финансиски и Административен асистент
Ива Наскова
Програмски асистент
Надзорен одбор
Надзорот над работата на органите и телата на НМСМ го врши Надзорниот одбор. Надзорниот одбор е независно тело на НМСМ составено од три члена. Членовите на Надзорниот одбор се избираат од Собранието на НМСМ и неговата должност е да ја контролира целокупната работа на телата на НМСМ, особено да ги контролира материјалните и финансиските операции на Советот. Надзорниот одбор на НМСМ се состои од следните членови:
Ана Клесова
Арта Ќерими
Елисавета Лукановска