Андреа Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

Андреа Угриноска, претседателка на Советот за човекови права на ЛДП, е избрана за претседавач на советодавниот Комитет за млади при Советот на Европа, кој е дел од институционалниот систем со управување на младинска политика на најстарата паневропска институција – заштитник на демократијата и човековите права на континентот.

– Од се срце и честитам на Андреа и и посакувам успех. Нејзиниот избор одлично се вклопува во серијалот на добри вести од НАТО, ЕУ а еве сега и од Советот на Европа. Горди сме на квалитетниот кадар кој докажува меѓународни признанија и придонесува за угледот на нашата татковина, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

– Тешко е да се остане позитивен и да се прослави овој успех во вакви тешки времиња. Сепак, чувствувам огромна чест и благодарност за можноста да влијаам на општеството во времиња кога верувам дека тоа е најмногу потребно, вели Андреа Угриноска по нејзиниот избор.

Андреа Угриноска е од Скопје, моментално живее и работи во Лондон каде претходно беше Извршна Директорка на Светската Федерација на Либерална Младина – IFLRY, чиј е полноправен член на Либерално-демократската младина. Пред заминувањето во Лондон, Андреа беше во Управниот одбор на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ).

Либерално-демократска партија

Сподели