Нами Исаки, дел од Советодавниот одбор за млади при Советот на Европа
Националниот Младински Совет на Македонија го честита изборот на Нами Исаки, извршен директор на нашата организација-членка Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), во Советодавниот одбор за млади при Советот на Европа, и му посакува успешен мандат.
Советодавниот одбор за млади при Советот на Европа претставува партнер од невладиниот сектор во ко-менаџмент структурата на Советот на Европа кој ги поставува стандардите и приоритетите за младинскиот сектор и дава препораки за идни приоритети, програми и буџети.
Горди сме дека младинскиот сектор во нашата држава придонесува кон развој на успешни млади луѓе кои се препознаени за својата работа и активизам на европско ниво и пошироко!