ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

За проектот

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со CEED HUB Скопје. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

1) Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;

2) Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и

3) Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.

Опис на главните работни задачи

  • Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектен координатор, генерален секретар и координатор за комуникација;
  • Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
  • Подготовка на повици, договори и други документи поврзани со проектните активности;
  • Координација на настаните што се организираат во канцеларијата на проектот во Скопје и обезбедување логистичка поддршка за настаните што се организираат надвор од Скопје;
  • Комуникација со проектни партнери, соработници и учесници во проектот;
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
  • Организација, имплементација и поддршка на останати активности на НМСМ;
  • Редовна координација со Генералниот секретар, Управниот одбор и останатите членови на Секретаријатот за тековни работи и обврски.

 Потребни знаења и вештини на кандидатите

  • Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти финансирани од меѓународни донатори;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Познавање англиски јазик;
  • Вештини за административно работење;
  • Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
  • Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Завршено високо образование ќе се смета за предност;
  • Познавање албански јазик ќе се смета за предност.

Услови за работа

  • Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во канцеларијата на проектот во Скопје;
  • Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување за пробен период од 3 месеци, со можност за продолжување на ангажманот;
  • Платен годишен одмор од 24 работни дена;
  • Дополнително приватно здравствено осигурување;
  • Почетна плата: 22,000 денари (нето)

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на [email protected] со наслов на пораката „Проектен асистент МладиХаб _ (име и презиме)“, најдоцна од 20.11.2021. Пријавите што нема да пристигнат во овој рок и оние пријави што не содржат комплетна документација, нема да бидат земени предвид.

Начин на селекција

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот.

** Во зависност од искуството на кандидатот, висината на платата може да варира.

** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот.

Сподели