ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Согласно член 61 и 64 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија, Управниот одбор на Националиот младински совет на Македонија донесе одлука за распишување на:

ОГЛАС

ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:

  • Раководење со Секретаријатот на НМСМ;
  • Претставување и застапување на НМСМ;
  • Спроведување на политиките на НМСМ во насока на остварување на мисијата и визијата на НМСМ.

Задачи и одговорности на Генералниот секретар:

  1. Го претставува и го застапува НМСМ во правниот промет и кон трети лица;
  2. Раководи со средствата на НМСМ согласно на можностите и потребите и во согласност со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на НМСМ;
  3. Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Управниот одбор или Собранието;
  4. Соработува со членовите на Управниот одбор за прашања во врска со реализацијата на програмата, одлуките и останатите акти на органите на НМСМ и други прашања од областа на тековното работење на НМСМ;
  5. Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат проектите и програмите на НМСМ и го следи нивното спроведување;
  6. Ја предлага организациската структура на извршната канцеларија/Секретаријатот до Управниот одбор.
  7. Координација на процесите на застапување;
  8. Ја одредува и спроведува политиката за човечки ресурси на извршната канцеларија, како и политиката на мотивација и санкционирање;
  9. Одговорен е за изготвување и поднесување на годишниот програмски извештај до управниот одбор на НМСМ.
  10. Одговорен е за поднесување на финансискиот извештај до управниот одбор на НМСМ, кој го подготвува финасискиот менаџер во НМСМ;
  11. Го координира процесот на прибирање на финансиски средства за НМСМ;
  12. Раководи со процесот на изработка на стратешки, годишен и акциони планови на организацијата во соработка со Управниот одбор;
  13. Одговорен е за спроведување на Стратешкиот план и Годишната програма на НМСМ;
  14. Го координира изготвувањето на проектните, програмските буџети и единствениот организациски буџет, финансиските извештаи до донаторите;
  15. Ги одобрува пресметките за исплата на плати на вработените и води сметка за навремено исполнување на сите законски обврски поврзани со административно финансиското работење;
  16. Го раководи институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на персоналот на НМСМ во соработка со Управниот одбор;
  17. Ја координира работата на Координаторите и останатите членови на Секретарјатот;
  18. При вработувања во НМСМ, дава предлог за кандидат до Управниот одбор на НМСМ;
  19. Во договор со Управниот одбор извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со Статутот и правилниците на НМСМ.

Квалификации:

  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во граѓански сектор и/или во раководење на проектен циклус (неопходно)
  • Високо образование ќе се смета за предност (пожелно)
  • Работно искуство на раководна позиција ќе се смета за предност (пожелно)

Специфични знаeња и искуства поврзани со соодветната позиција:

  • Финансиско раководење;
  • Менаџмент на човечки ресурси;
  • Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од меѓународни донатори;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на албански јазик (пожелно);
  • Искуство во мрежни типови на организации (пожелно);
  • Познавање на организациски менаџмент и институционален развој.

Лични карактеристики и вештини:

  • Лидерски вештини;
  • Професионалност и посветеност;
  • Комуникациски вештини;
  • Работа со куси временски рокови;
  • Транспарентност;
  • Тимска работа;
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели;
  • Презентирачки вештини;
  • Преговарачки вештини;
  • Посветеност кон вклучување на целните групи.

Услови за работа:

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно, со 3 месеци пробен период), повремена работа за викенди и вклучува патување.

Мандатот на Генералниот секретар е 3 години со можност за реизбор.

Платен годишен одмор од 24 дена

Дополнително приватно здравствено осигурување

Износ на плата: почетна нето плата од 43 680 денари, со можност за покачување во зависност од искуството и перформансот на работење.

Рок и начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:
Кратка биографија;
Мотивациско писмо;
Најмалку две препораки од претходни работодавачи/лица коишто се запознаени со работата на апликантот;

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: [email protected] со назнака: Пријава за Генерален секретар на НМСМ.

Рокот за поднесување на сите кандидатури е 01.12.2020г, 23:59 часот.

Начин на селекција:

Процесот на селекција се состои од неколку фази. Во првата фаза кандидатите кои ќе бидат пред-селектирани, ќе бидат поканети на интервју со Управниот одбор на НМСМ. Во вториот круг на селекција, избраните кандидати ќе добијат тест задачи кои се однесуваат на планираното работење согласно одговорностите на позицијата.
Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по донесената одлука на Управниот одбор на НМСМ, но не подоцна од 01.01.2021г.

Само пред-селектираните кандитати ќе бидат известени за резултатите.

 

Сподели