ОТВОРЕН ПОВИК за МОБИЛИЗАТОРИ НА ЗАЕДНИЦАТА
- Осврт
„Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Главната цел на проектот е да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси со кои се олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите да ги изберат своите претставници и да ги повикаат истите на одговорност.
Активностите на проектот целат кон остварување на три главни резултати:
- Резултат 1: Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.
- Резултат 2: Внатрешно демократизирани политички партии кои застапуваат граѓански ориентирани политики и изборни програми.
- Резултат 3: Зајакнати граѓани ги повикуваат политичките партии и избраните функционери на одговорност.
Корисници на проектот се органите за спроведување на изборите на сите нивоа; владините институции како што се Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот завод за статистика, институцијата Народен правобранител, Државниот завод за ревизија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда; политичките партии, граѓанските организации, гласачите и граѓаните.
Проектот започна со имплементација на Главната фаза 1 во август 2019 година и се очекува да заврши во јуни 2023 година.
- Цел на повикот за мобилизатори на заедницата
Целта на овој повик е да се поканат сите заинтересирани млади луѓе во земјата да учествуваат во Програмата за мобилизација на заедницата на проектот поддржан од Швајцарија, со цел да се стекнат потребните вештини за подигнување на свеста и мобилизирање на заедницата за прашања кои се релевантни за нив.
Програмата ќе им обезбеди на заинтересираните кандидати простор и развивање на вештини со цел да го користат својот глас и да влијаат на политичкото однесување во земјата.
Ако сте млади граѓански активисти, заинтересирани да го надградите вашето знаење, да комуницирате со различни претставници во вашата заедница и сте подготвени да направите промена, тогаш овој повик е дефинитивно за вас.
- Што значи тоа?
Со тоа што ќе станете мобилизатор на заедницата, ќе стекнете знаења и вештини за внимателно да го следите исполнувањето на ветувањата на политичките партии наведени во изборните програми и владините политики на локално и централно ниво и да ги повикате на одговорност за нивните перформанси и активности.
Ќе бидете поттикнати да ја инспирирате и мобилизирате вашата заедница да го крене својот глас, да ви се придружи во активностите за мониторирање и да бара одговори и отчетност од политичките партии и претставниците на власта. Преку овие активности ќе придонесете за промена на однесувањето на политичките партии кон гласачкото тело и граѓаните воопшто.
Што ќе прават мобилизаторите на заедницата?
Сите избрани кандидати ќе поминат низ сеопфатна програма за обука за тоа како да спроведат мониторинг и да ја мобилизираат заедницата, вклучувајќи:
- Обуки и работилници за јакнење на вештините за активно учество во следење на јавните политики и ангажман на заедницата;
- Обука за тоа како да се спроведува мониторинг и што значи мониторинг на партиските платформи и работата на избраните функционери;
- Обука за тоа како да се залагате и да комуницирате со избраните претставници;
- Менторство во текот на целата програма;
- Обука за видео продукција и како да креирате кратки видеа за презентирање на идентификуваните проблеми или наоди од мониторингот со помош на камера од мобилен телефон и софтвер за видео монтажа;
!!! По програмата за обука, на мобилизаторите на заедницата ќе им се обезбеди финансиска поддршка со цел да го применат она што го научиле и да ја спроведат иновативната иницијатива за мобилизирање на нивната заедница при мониторирање на конкретната владина политика и напредокот во нејзината имплементација;
Сите избрани кандидати мора да бидат посветени на целиот процес и програма, вклучувајќи:
- Активно учество на сите обуки и работилници;
- Имплементација на иновативната иницијатива и активна мобилизација на заедницата (на терен и/или преку социјалните медиуми и портали на интернет);
- Изработка на материјали и алатки за промоција поврзани со темата која е предмет на мониторање, вклучително и видеа, инфографици, фотографии и слично;
- Јавна презентација и промоција на работата и процесот на мониторинг и сродните наоди;
- Континуирана мобилизација на заедницата во врска со избраната тема/политика;
- Редовни месечни извештаи за време на спроведувањето на иновативната иницијатива;
За време на спроведувањето на иновативните иницијативи, мобилизаторите на заедницата ќе бидат поддржани и водени од назначените ментори и други експерти.
- Финансиска поддршка
Секој мобилизатор на заедницата ќе добие не парична финансиска поддршка за спроведување на иновативната иницијатива во износ од 2.000 американски долари (во денарска противвредност). Временската рамка за спроведување на иницијативата и за следење на предизборните ветувања за локалните избори не треба да биде подолга од 9 месеци во текот на целата 2021 година.
За време на спроведувањето на иницијативите, сите мобилизатори на заедницата ќе добиваат месечна стипендија во износ од 150 американски долари (во денарска противвредност) за 9 месеци во текот на целата 2021 година.
- Временска рамка
Спроведувањето на горенаведените активности (и програмата за обука и иновативните иницијативи) за мобилизаторите во заедницата ќе се одвива во периодот: февруари – декември 2021 година.
Задолжителна, приближно едногодишна, обврска за достапност, учеството во сите делови на програмата.
- Квалификации и предуслови за мобилизаторите во заедницата:
- Млади лица (возраст од 18-35 години);
- Активисти од граѓанското општество, влијателни личности, претставници на локалните медиуми итн.;
- Млади луѓе заинтересирани за политика и подготвени да влијаат и да научат повеќе за алатките за мониторинг како и за самиот мониторинг;
- Млади луѓе подготвени да направат промена во заедницата и да ги мобилизираат граѓаните за заеднички интерес;
- Способноста за комуникација на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Претходното искуство во слични процеси ќе се смета за предност.
ЗАБЕЛЕШКА: НМСМ ќе се погрижи мобилизаторите на заедницата да бидат избрани од различни општини низ целата земја, вклучувајќи ги сите осум (8) развојни региони на земјата. Покрај географската покриеност, ќе се води грижа и за обезбедување на етничката и родовата рамноправност при изборот на мобилизатори во заедницата.
- Постапка за аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија (CV) (не подолга од 2 страници) и мотивациско писмо (не подолго од 1 страница) до [email protected] најдоцна до 31.12.2020, 23:59ч.
Прашања?
Доколку имате какви било прашања во врска со процесот на аплицирање или програмата, контактирајте ја Елена Димовска на [email protected]. Сите испратени прашања и дадени одговори ќе бидат објавени на веб-страницата на проектот http://electoralreforms.mk/.
Доколку сакате подобро да се запознаете со претходната генерација на мобилизатори на заедницата (активни во периодот февруари 2020 година до март 2021 година), посетете ја нашата веб-страница на проектот http://electoralreforms.mk/ и проектната страница на Фејсбук на https://www.facebook.com/Support-to-Electoral-Reforms-100476728210504.
Белешка: Спроведувањето на активностите на Мобилизаторите на заедницата ќе ги следи насоките и препораките на владата и здравствените власти во врска со пандемијата КОВИД-19.