Повик за ангажирање на експерт за изработка на методологија за мерење на индексот на социјална вклученост на младите на локално ниво

За проектот

Главна цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. Клучните засегнати страни се младински граѓански организации, локални младински совети, единици на локална самоуправа и граѓани. Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија, заедно со партнерите Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и ЈЕП – Гостивар. Проектот „Заедници инкулзивни за млади“ е поддржан од Европската Унија и започна да се имплементира во март 2022 година, а ќе трае до септември 2024 година.

 

За ангажманот

Работните задачи на Експертот опфаќаат:

  1. Развој на методологија за мерење на индексот социјалната вклученост на младите во локалните институции;
  2. Развој на мониторинг матрица наменета за граѓански организации и претставници на локални младински совети за следење на социјалната вклученост на младите на локално ниво;
  3. Реализирана еднодневна работилница за методологијата и алатките за следење на социјалната вклученост на младите на локално ниво.

Експертот ќе биде ангажиран за 26 работни дена во период од 2 месеци (октомври 2023 – ноември 2023 година), од кои 20 дена за активност бр. 1, 6 дена за активност бр. 2 и 3.

 

Очекувани резултати

Се очекува експертот да ги исполни следните задачи:

  • Да изработи методологија за мерење на индексот социјалната вклученост на младите во локалните институции која ќе вклучува детален план за имплементација, клучните индикатори кои ќе ја проценат инклузивноста на единиците на локалната самоуправа;
  • Да изработи мониторинг матрица за собирање на податоци за мерење на идексот на социјална вклученост на младите на локално ниво;
  • Да одржи еднодневна работилница со цел да се разбере методологијата и алатките и методите што ќе се користат за собирање информации;
  • Подготовка на извештај за реализацијата на задачите.

 

Потребни квалификации

  • Соодветно високо образование во областа на социјална работа, социјална едукација или други општествени науки;
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во активности поврзани со подготовка и развој на методологии и мониторинг матрици за следење и собирање податоци за млади или друга релевантна област;
  • Пристапен за соработка;
  • Искуство во работење со млади луѓе од различно потекло;
  • Напредно ниво на пишан и говорен англиски јазик

 

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават документи до 02.10.2023 година, на [email protected], со наслов „Апликација за ментор – YILC – назив/име и презиме”. Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:

 

УСЛОВИ ЗА РАБОТА

БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ

Сподели