ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНИЦА

За потребите на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, отвораме повик за доставување понуди за изработка на веб страница за crowdfunding за социјални претпријатија во Северна Македонија

За проектот

Главна цел на проектот е да поттикне економско зајакнување и развој на социјални претпријатија предводени од млади. Преку различни активности, проектот ќе обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено ќе ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување. Проектот се стреми да воспостави поволна средина за младинско социјално претприемништво со што би се намалила невработеноста кај младите; да ги зајакне компетенциите и капацитетите на ранливите млади; да го промовира социјалното претприемништво предводено од млади; да ги вклучи младите во социјалните претпријатија како и да обезбеди простор за прибирање средства за имплементација на нови идеи за социјални претпријатија. Главни активности на проектот се: детална анализа на социјалното претприемништво, градење на капацитетите преку обуки за меки вештини, претприемништво, прибирање средства и вклучување во заедницата, финансиска поддршка за социјални претпријатија преку грантова шема, веб платформа за прибирање финансиски средства која исто така ќе служи и  како национален ресурсен центар за социјално претприемништво како и  креирање на Национален акциски план за младинско вработување 2022-2025.

За ангажманот

Ве покануваме да доставите понуда за изработка на веб страница за crowdfunding за социјални претпријатија во Северна Македонија. Конкретните спецификации за веб платформата можете да ги најдете во документот „Технички информации за ангажманот“.

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

  • Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 3)
  • Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година
  • Портфолио од релевантните проекти изработени од правниот субјект
  • Потпишана изјава дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4).

 

Целосниот повик е достапен тука.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни лица. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Технички информации за ангажманот“.

Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул. Вељко Влаховиќ 7/1-1, 1000 Скопје) или скенирана на е-поштa [email protected]. Како наслов на електронската порака наведете: ,,За тендер бр.IPA/2021/427-552/2022/03-15/1“ и текстот „Апликација/Понуда за”.

Понудата треба да се достави во рок од 10 дена од датумот на повикот, не подоцна од 25.03.2022 до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени. 

 

Сподели