Продолжен повик за ангажирање на мобилизатори (двигатели) на заедницата
![](https://nms.org.mk/wp-content/uploads/2020/06/NMS_logo_MK_CMYK_HV_G-01-1280x640.png)
Националниот младински совет на Македонија како партнер на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), работи на проектот “Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија”. Проектот е на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност. За целите на проектот, проектниот тим ангажира мобилизатори (двигатели) на заедницата.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете ТУКА.
Рок за аплицирање: 15.12.2019, 23:59h.
E-mail: [email protected]
*НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека за истото има потреба