ПРОДОЛЖЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА РЕГИОНАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) го продолжува повикот за избор на регионални канцеларии во Македонија, кои ќе имаат за цел да послужат како инфо/контакт точки за млади и младински организации и да понудат поддршка и советување за истите. Покрај тоа, канцелариите ќе понудат и поддршка при вмрежување, креирање на политики и кампањи за застапување на младински прашања на локално и регионално ниво, советување при комуникација на национално и меѓународно ниво, совети за основање организација и останати активности поврзани со работа со млади.
Со отворањето на секоја Регионална канцеларија на НМСМ е предвидено и назначување на едно лице од организацијата за регионален координатор на истата. Координаторот го назначува организацијата која аплицира за Регионална канцеларија на НМСМ преку доставување на професионална биографија на лицето заедно со сите останати документи за апликација.
Организациите кои ќе се кандидираат за регионални канцеларии треба да се регистрирани и активни во североисточниот регион.
Повеќе информации за целите и задачите, условите кои треба да бидат исполнети, основните обврски и задачи на регионалните канцеларии може да најдете на следниов ЛИНК.
Рок и начин на пријавување
Сите заинтересирани организации треба да ги достават следниве документи:
– Пополнета апликација, достапна на следниот линк.
– Рокот за пријавување е до 23-ти декември (среда) најдоцна до 16:00 часот.