МладиХаб – Дигитална младина со нова веб страна – mladihub.mk

Сите информации околу проектот „МладиХаб-Дигитална младина“ од денес ќе можете да ги најдете и на www.mladihub.mk!

Новата веб-страница на МладиХаб ги содржи сите информации околу проектот, минатите, актуелните и идните обуки, како и за сите области во кои се спроведува општокорисната работа.

Делот за обуките, освен логистичките податоци за одржувањето, содржи и информации околу провајдерот кој ја спроведува обуката и ги издава сертификатите, кратка биографија на инструкторот и можност за лесно и брзо пријавување за учество во проектот.

Концептот општокорисна работа е другата клучна компонента на проектот на која исто така ѝ е посветено особено внимание на веб-страницата. Во делот за општокорисна работа можете да разгледате на кој начин учесниците во проектот ѝ помагаат на заедницата и си обезбедуваат пристап до обуките. Покрај тоа, овој сегмент има потенцијал да ги поттикне посетителите на веб-страницата да го користат слободното време во помагање на другите и притоа да се забавуваат, да запознаваат нови луѓе и да ги развиваат своите вештини.

Преку календарот достапен на веб-страницата можете да се информирате за сите интересни настани што ќе се одржуваат во канцеларијата на проектот.

Во моментов, тимот на МладиХаб работи на една многу интересна можност за сите оние кои се заинтересирани да се вклучат во дигиталната економија. Токму преку веб-страницата ќе добиете прилика да ги искористите, унапредите и впаричите вашите дигитални вештини, па затоа, не заборавајте редовно да ја посетувате!

Сподели