Членки

Сојузи

Младински организации

ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија е независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Таа е полноправен член на Меѓународната организација ИАЕСТЕ. ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности, платени технички пракси во областа на нивните студии. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 120 члена. Во ИАЕСТЕ посветени се на поттикнување на меѓународно разбирање и влијание врз развојот на младите луѓе преку меѓународна размена. Нашите основни вредности на пријателство, доверба, почит, професионализам, развој и интеркултурна соработка служат како основа за нашата силна организациска култура и како принципи што ја водат целата наша работа и дневни активности.

Организации за млади

Центар за развој на заедницата (ЦРЗ) Светла Иднина - Кочани

Мултикултура

Мултикултура

Мултикултура е водечка организација за граѓански права која промовира младински активизам и учество во донесување одлуки и развој на културна и меѓуетничка толеранција и соработка, основана во август 2000 година. иот форум како еден од органите на здружението го сочинуваат самите волонтери. Главен приоритет за работењето на здружението се меѓуетничките односи преку едукативни програми за поддршка на толеранцијата, мирот и разбирањето. Главните цели на здружението се:
Бесплатна правна помош, помош за обезбедување подобри услови за лицата со попреченост, како и обезбедување минимални услови за заштита на достоинството и моралниот интегритет на лицата со попреченост и нивните семејства,организирање на различни настани за преадаптирање на училишните простории за да се обезбеди лесен пристап до лицата со попреченост, активно учество на младите во одлучувањето на локално и национално ниво,меѓукултурен дијалог на национално и меѓународно ниво, толеранција и мирно решавање на конфликти, намалување на невработеноста и унапредување на социјалната интеграција на младите

Сумнал

Сумнал

Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука. За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драстично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели. Преку соработка со заедницата, соработка со Советот на родители и воспоставување блиски односи со локалните училишта, Сумнал е во можност да ги идентификува и да започне да излегува во пресрет на дополнителните потреби на заедницата. Области во кои Сумнал делува: развој на граѓанското општество, меѓуетнички односи, толеранција, култура, деца, младинци и студенти, стари лица, здравје и здравствена заштита, информации, комуникација и медиуми.

Подмладоци на други организации

Придружни членки

Здружение за значењето на еколошкото образование

Здружение за значењето на еколошкото образование

ЗЕОООП Скопје овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животната средина во модернизација на образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичен однос помеѓу човекот и неговата околина.

Здружение на Лекари Специјализанти - ЗЛС

Здружение на Лекари Специјализанти - ЗЛС

Цели и задачи на ЗЛС:
1. Претставување на лекарите специјализанти и застапување на нивните интереси.
2. Да ги штити и унапредува правата и статусот на лекарите специјализанти, во прв план се залага за соодветна валоризација на трудот и остварување на правото на достоен личен доход.
3. Да земе активно учество во процесот на креирање здравствени политики во државата во однос на прашањата кои ги засегаат лекарите специјализанти
4. Да обезбедува правна помош за лекарите специјализанти
5. Да се залага за подобрување на условите за работа како предуслов за обезбедување на квалитетна здравствена услуга
6. Да се залага за подобрување на квалитетот на едукацијата и унапредување на стручното знаење на своето членство како предуслов за создавање квалитетни кадри согласно европските стандарди.
7. Да ја промовира, негува и развива лекарската етика, да поттикнува градење на подобри колегијални односи.

Здружение за европска интеграција - Европска гледна точка

Здружение за европска интеграција - Европска гледна точка

Здружението за европска интеграција Европска Гледна Точка (ЕГТ) – Битола, е формирано во 2014 година од страна на студенти на студиската програма Европски Интеграции и Менаџирање со Европски Проекти, при Факултетот за администрација и менаџмент на информациски систем. Стекнатото знаење од предавањата на факултет, ги мотивираше да формираат едно здружение фокусирано на Европските интеграции и европските проекти. ЕГТ е непрофитабилно здружение кое опстанува од месечна членарина и од соработки со партнери и донации. Здружението е отворено за соработка со други организации и институции како и за примање на нови членови.Здружението на граѓани за европска интеграција ЕГТ – Битола во рамките на својата работа ќе превзема активности во насока на промоција и поддршка на интеграциите на Република Македонија во ЕУ. Преку разменување на искуства, комуникации со членови на различни здруженија и пошироката популација, ќе се реализира запознавање на поголем број на граѓани со процесот на интеграција на РМ во ЕУ како и пишување и реализирање на ЕУ проекти.

Мапа на организации членки на НМСМ

Made with Padlet