Да се биде дел од македонското семејство на младински организации значи да се биде дел од Национален младински совет на Македонија кој автентичниот глас на младите организирано и артикулирано го пренесува до креаторите на политики и носителите на одлуки. Да се биде дел од Национален младински совет на Македонија значи:
- Здружено делување за подобрување на стандардот на живеење на младите во Македонија;
- Јакнење на капацитетите на организациите членки;
- Поддршка во развојот на организациите членки преку ресурсите со кои располага Советот;
- Искористување на тренинг центарот на Советот.
Организацијата која аплицира за членство во НМСМ, потребно е да ја достави следната документација:
- Пополнет образец – апликација за членство;
- Статут;
- Тековна состојба (не постара од шест месеци);
- Организациска шема;
- Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години;
- Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок орган на управување;
- Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
- Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период, од најмалку шест месеци.
Документите испратете ги на [email protected].
По добивањето на апликацијата, истата ја разгледува Комисијата за членство, која поднесува извештај до Генералното собрание. Делeгатите гласаат со 2/3 мнозинство за пристапувањето на организацијата.