Активности

Тековни проекти

YouthHub – Оvercoming inequality among young people – МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите

Главна цел на проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“ е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да станат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот на земјата, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво. Проектот ќе развие и креира комуникациски производи насочени кон јазот во родовата нееднаквост за општата јавност, едуцирајќи ја јавноста да биде свесна за родовите пристрасни улоги, норми и ставови. 

Главни активности на проектот се: детална анализа за социоекономското однесување на младите девојки и жени, онлајн и офлајн кампања за родова еднаквост, градење на капацитетите на девојки и млади жени преку обуки за креирање локални и национални политики, застапување и вклучување на родовата перспектива, одржување на 20 јавни настани во различни градови на различни теми прилагодени на потребите на младите девојки и жени, работилница за родот во медиумите со топ 10 медиумски куќи, 10 локални младински иницијативи предводени од млади девојки, креирање локални младински стратегии за вклучување на млади жени и девојки на локално ниво во 4 општини, кариерно насочување и советување за најмалку 200 млади жени, програма за практикантска работа и волонтирање за најмалку 200 млади жени, креирање на мобилна апликација за практиканска работа на национално и регионално ниво.

Партнери на проектот: Стела Нетворк

Период на реализација: декември 2022 година – во тек
Донатор: Британска амбасада

YOUTH EMPOWERMENT INCUBATOR (YEI) – ИНКУБАТОР ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МЛАДИТЕ (ИЈМ)

Главната цел на проектот е да се зголеми младинското учество и нивната застапеност на национално и на европско ниво. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младинските претставнички тела; да се создаде заедничка платформа за размена на добри практики и поддршка на развојот и застапувањето на младинските политики; и да се дизајнира сеопфатен преглед на позитивните практики при креирањето и застапувањето на младинските политики. Прегледот ќе содржи различни алатки, механизми и ресурси кои се користат со цел успешно да се застапува за поголемо и поефикасно младинско учество. Сето ова ќе резултира со повторување на позитивните искуства на национално ниво.

Главните активности на проектот вклучуваат: шест студиски посети во Северна Македонија, Естонија, Латвија, Србија, Словачка и Белгија, претставување од прва рака на добри практики кои се темелат на докази, а се поврзани со ЕУ младинскиот дијалог и европските младински цели, развивање на брифови за политиките, креирање застапувачки кампањи за промени во политиките, национални конференции за важноста на ЕУ младинскиот дијалог и научените лекции во рамките на проектот.

Партнери на проектот:

Естонија – Национален младински совет на Естонија
Латвија – Национален младински совет на Латвија
Србија – Национален младински совет на Србија
Словачка – Младински совет на Словачка

Период на реализација: април 2022 година – во тек
Донатор: Европска комисија

YOUTH-INCLUSIVE LOCAL COMMUNITIES – ЗАЕДНИЦИ ИНКЛУЗИВНИ ЗА МЛАДИ 

Главната цел на проектот е да ги ангажира младинските граѓански организации да обезбедат поддршка на своите локални заедници, да ги искористат постојните механизми за учество во локалните политики и процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на нивните потреби и потребите на нивните конституенти.

Главните активности на проектот вклучуваат: зајакнување на капацитетите на младинските организации и локалните младински совети преку серија работилници, следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики, оценување на инклузивноста на младите во локалните самоуправи во Северна Македонија, изготвување препораки за политики и поддршка на младински иницијативи за застапување кои го зголемуваат младинското учество во јавната политика.

Партнери на проектот:

Фондација за развој на локалната заедница – Штип
SFERA International Битола
Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар

Период на реализација: март 2022 година – во тек
Донатор: Европска комисија

Social Entrepreneurship for Youth Employment – Социјално претприемништво за младинско вработување

Главна цел на проектот е да поттикне економско зајакнување и развој на социјални претпријатија предводени од млади. Преку различни активности, проектот ќе обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено ќе ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување.

Проектот се стреми да воспостави поволна средина за младинско социјално претприемништво со што би се намалила невработеноста кај младите; да ги зајакне компетенциите и капацитетите на ранливите млади; да го промовира социјалното претприемништво предводено од млади; да ги вклучи младите во социјалните претпријатија како и да обезбеди простор за прибирање средства за имплементација на нови идеи за социјални претпријатија.

Главни активности на проектот се: детална анализа на социјалното претприемништво, градење на капацитетите преку обуки за меки вештини, претприемништво, прибирање средства и вклучување во заедницата, финансиска поддршка за социјални претпријатија, веб платформа за прибирање финансиски средства која исто така ќе служи и  како национален ресурсен центар за социјално претприемништво како и  креирање на Национален акциски план за младинско вработување 2022-2025.

Период на реализација: 15 декември 2021 – тековно
ДонаторЕвропска Комисија

Reinforcement of support structures for NEETs in the entrepreneurial field – Зајакнување на структурите на NEET млади во претприемничкото поле

Проектот “E4NEETs“ – „Зајакнување на структурите за поддршка на NEET млади во претприемничкото поле“ има за цел да го зголеми пристапот до претприемништво за младите лица кои се во NEET групата (кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука). Проектот дополнително ќе понуди можност за професионалци кои работат со NEET млади без специфична експертиза за социјално претприемништво. Основните и планираните активности на проектот ќе ги изградат неопходните услови за зајакнување на вештините на професионалците кои работат со NEET млади преку информирање за претприемништвото и социјалното претприемништво и обучување за подобро да ги водат и поддржат младите кон претприемништвото. Очекувани резултати од проектот се: стекнување на нови вештини за претприемништво и социјално претприемништво за професионалниците кои работат со NEET млади; зголемување на свеста на NEET млади за претприемништво и социјално претприемништво; зголемување на свеста на креаторите на политики и раководителите на компаниите за  придобивките од вклучување на NEET млади; транснационална дисеминација на овие иновативни методи низ Европа и Медитеранската област.

Период на имплементација: Ноември 2021 – тековно
Донатор: Европската комисија

Balkans Youth: Linking Education, Abilities and Partnership Potential in Regional Employment Practice – Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување

Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан.

Главни активности на проектот се: национални конференции за претприемништво, тренинзи за градење на капацитети, вебинари и менторство на граѓански организации, промоција на учеството на студентските компании во образовните системи на Западен Балкан, регионален документ за јавни политики, job shadowing за граѓански организации, студиска посета. Преку овој проект ќе има можност и за менторирање и субгрантирање на граѓански организации и студентски компании.

Таргет групи на проектот се студентски компании, млади лица и студенти, граѓански организации, наставници, средни училишта, парламенти, стопански комори и носители на одлуки.

Партнери на проектот:
Србија – Junior Achievement Serbia, Western Balkans Institute
Албанија – Junior Achievement of Albania
Турција – JA Turkey
Босна и Херцеговина – Social Innovation Incubator MUNJA
Црна Гора – Student Business Association
Белгија – JA Europe

Период на реализација: 01 март 2020 – 28 февруари 2023 година
Донатор: Европска комисија

Connecting Youth – Western Balkans Youth Cooperation Platform

Connecting Youth – Western Balkans Youth Cooperation Platform е иницијатива на Институтот за соработка и развој од Албанија, поддржана од Фондацијата Ханс Зајдел (Hanns Seidel). Целта на платформата е да им понуди на младинските организации, граѓанските организации, неформалните движења, групи или млади поединци од целиот Западен Балкан, ресурсен центар каде каде ќе можат да пронајдат партнери за заеднички активности, размени на иницијативи, младински проекти, простор за дискутирање за идеи за соработка, иницирање заеднички активности и советување. WB YCP, исто така, нуди широк спектар на постоечки иницијативи, национални, регионални и поддржани од ЕУ, кои имаат за цел млади и покриваат Западен Балкан. Платформата првично ќе ги обезбеди функциите на:

  1. Репозиториум на организации: младински организации, движења, неформални групи, млади истражувачи итн. кои можат да го регистрираат својот профил и да ги промовираат своите активности;

  2. Пребарување на партнери: сите корисници на платформата кои имаат потреба да најдат контакти во една од земјите за нивниот следен проект, можат да ги користат филтрите за да го најдат соодветниот партнер за нивната идеја;

  3. Информативен ресурсен центар во врска со претстојните активности на RYCO.

Период на реализација: Март 2018 – тековно

Youth Wiki (ЈутВики)

Youth Wiki (ЈутВики) претставува online енциклопедија за младински политики. Платформата е креирана од страна на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија. Станува збор за сеопфатна база на податоци за националните структури, политики и активности кои се однесуваат на младите луѓе. Македонија е една од 34-те европски држави кои ги анализираат националните политики за млади поделени во 10 поглавја: управување со младински политики, волонтерски активности, вработување и претприемништво, социјална инклузија, учество, образование и тренинг, здравје и добросостојба, креативност и култура и младите и светот и младинска работа. Носител на проектот е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а Националниот младински совет на Македонија работи на анализа и ажурирање на поглавјата на платформата.

Период на реализација: октомври 2018 – тековно
Донатор: Европска комисија

Mladi.mk

МЛАДИ.МК е веб-платформа за младинско информирање, иницирана и основана од Националниот младински совет на Македонија во март 2016 година. Млади.мк обезбедува простор за комуникација директно помеѓу организациите, институциите и младите, за промовирање на можностите разновидност и дисеминација на релевантни информации. Во моментов, платформата ја користат 52 организации, кои преку своите профили креирани во Млади.мк објавуваат повици и можности за образование, надоградување, волонтерска работа, пракса, работа, натпревари и настани, во нашата земја и во странство. Можете да го посетите Млади.мк преку неколку канали: веб-страница, мобилна апликација mladi.mk (достапно за iOS и Android мобилни телефони) и страницата со исто име на Facebook. Веб-страницата Млади.мк беше поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, имплементиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, додека креирањето на апликацијата Млади.мк беше поддржано од Британската амбасада во Скопје, во рамките на проектот „Младинско учество“.

Период на имплементација: 2016 година – тековно
Донатори: УСАИД, Британска амбасада во Скопје

Еуродеск (Еurodesk)

Еуродеск e младинска информативна мрежа официјално признаена како организација за поддршка на Еразмус+ (2014 – 2020). Во моментов е присутна во 35 земји, односно во 37 канцеларии и има 1098 мултиплаери низ Европа. Главната цел на оваа мрежа е да ја подигне свеста на младите за можностите за мобилност и да ги охрабри да станат активни граѓани. Како Еуродеск информативен центар, НМСМ има можност да учествува во креирањето на содржините за Европскиот младински портал. Европскиот младински портал нуди европски и национални информации и можности кои се во интерес на младите луѓе кои живеат, учат и работат во Европа. На порталот се споделуваат податоци од 34 земји и е достапен на 28 јазици.

Период на реализација: Април 2018 – тековно

Изминати проекти

MladiHub – Building employment skills, competencies and networking for youth – МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за   вмрежување за младите

Главна цел на проектот беше да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти: 

  1. Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;

  2. Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и

  3. Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.

Во рамки на проектот ќе се нудат повеќе видови поддршка за млади, прилагодени на нивните потреби интереси и тоа: поврзување со работодавачи и покривање на надоместот за спроведување практикантска работа; тутурство во работа на проекти; менторство за олеснување на вклучувањето во пазарот на труд и започнување свој бизнис. Исто така, ќе бидат отворени и три нови хабови, кои покрај хабот во Скопје, ќе нудат широк спектар можности за младите. Овие хабови ќе бидат отворени во Штип, Битола и Тетово.

Период на реализацијаЈуни 2021 – Март 2022
ДонаторБританска амбасада

Support to Electoral Reforms in North Macedonia – Поддршка на изборни реформи во Република Северна Македонија

„Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија” е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност. Активностите воглавно се насочени кон три различни таргет групи, и тоа: изборната администрација, политичките партии и граѓанскиот сектор. Проектот е имплементиран од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија.

Период на реализација: август 2019 – февруари 2022
Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ)

Civic Engagement Project (CEP) – Проект за граѓанско учество

Civic Engagement Project (CEP) – Проект за граѓанско учество претставуваше петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции, како и засегнатите страни за прашања од јавен интерес. Во рамки на проектот НМСМ организираше едногодишна LEAD (Linking, Engagement, Advocacy, Development) програма која им овозможуваше на мотивирани млади луѓе да стекнат вештини за да работат во рамките на нивните заедници. Исто така, LEAD им овозможи на младите учество во јавниот живот и процесот на донесување одлуки за прашања кои влијаат на нивниот живот, заедниците и воопшто на македонското општество. Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute – ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Период на реализација: Септември 2016 – Jaнуари 2021
Донатор: УСАИД (USAID)

MladiHUB-Digital Youth – МладиХАБ-Дигитална младина

MladiHUB-Digital Youth – МладиХАБ-Дигитална младина беше проект во кој на младите лица им се понуди пристап до обуки за дигитални и деловни вештини во замена за oпштокорисна работа. Во зависност од нивните вештини и интереси, како и од потребите на заедницатa во коja живеат, младите учествуваа во различни општокорисни иницијативи и на тој начин добија обуки од сертифицирани провајдери и можности за вмрежување и животно искуство.

Во рамки на проектот се изработи и платформа која им овозможи на младите полесно да се поврзат со потенцијални работодавачи. Сето ова ги подобри шансите на младите за вработување, промовираше иновативност, придонесе кон економска еманципација на младите и ја подобри економската состојба во земјата.

Период на имплементација: мај 2019 – март 2021
Донатор: Британска амбасада во Скопје

WeB4YES (Western Balkan Civil Society Organisations for Youth Employment Support – Граѓански организации на Западен Балкан за поддршка за младинско вработување)

WeB4YES (Western Balkan Civil Society Organisations for Youth Employment Support- Граѓански организации на Западен Балкан за поддршка за младинско вработување) претставуваше иницијатива на регионално ниво чија цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан. Проектот имаше цел да се фокусира на изнаоѓање решение за постоечките предизвици кои произлегуваат од недоволната соработка меѓу чинителите од граѓанското општество и државните власти во земјите од Западен Балкан во политичките процеси и донесувањето на одлуки во насока на реформскиот процес кој се однесува на невработеноста на младите. Проектот, меѓу другото имаше и за цел да ги зајакне чинителите од граѓанското општество со цел тие да дадат значителен придонес во решавањето на многу прашања од областа на вработувањето и претприемништвото преку нивните активности за застапување и надзор на национално, регионално и локално ниво и на тој начин да стават поголем фокус на потребите на младите граѓани во креирањето политики. Координатор на Проектот беше Белградската отворена школа, а партнерите на проектот беа: Здружението надвор од границите (Тирана, Албанија), Здружението за демократски просперитет – ЗИД (Подгорица, Црна Гора), Институтот за развој на млади КУЛТ (Сараево, Босна и Херцеговина), НВО Ленс (Приштина, Косово), Националниот младински совет на Македонија (Скопје, Македонија) и Меѓународниот центар Олоф Палме (Стокхолм, Шведска).

Период на реализација: декември 2017 – јануари 2021
Донатор: Европска комисија

Студентско (ре)формирање

Студентското организирање е клучна тема за студентите во периодот на почетокот на новата академска година. Со донесувањето на новиот закон за високо образование се направи реформа во студентското организирање. Студентите не се доволно информирани за новиот модел на студентско организирање, а универзитетите се должни да го воспостават истиот со почетокот на новата академска година. Поради тоа, неопходно е да се мониторира целокупниот процес на воспоставување на новиот модел на студентско организирање, од информирање на студентите, преку изборниот процес на студентски претставници до воспоставување на факултетските и универзитетски собранија и органи за заштита на правата на студентите.

Овој проект го адресираше токму прашањето на студентско организирање и го следеше процесот на воспоставување на новиот модел на студентско организирање во три државни универзитети – УГД, УКЛО и Универзитетот во Тетово. Со проектот се поттикна активно учество на студентите во овие процеси, преку нивно поголемо информирање и мотивирање за вклучување во процесите на донесување на одлуки и застапување на студентите пред универзитетските органи. Преку развивање на детален план за застапување и координација помеѓу проектните партнери се иницираше кампања за студентско организирање која ги информираше студентите за нивните права и можности да учествуваат во работата на универзитетот, но и за новиот модел на студентско организирање.

Со оглед на тоа што, организации-членки на НМСМ веќе работат на застапување за студентско организирање на УКИМ, НМСМ, заедно со вклучените организации-членки со овој проект се работеше на информирање и застапување за транспарентни студентски избори и студентско организирање во државните универзитети во Штип, Битола и Тетово. Притоа, се правеа постојани консултации и координација и со организациите – членки кои работат во истата област на УКИМ.

Месец на имплементација: октомври 2019 – март 2020
Донатор: Фондација Отворено Општество Македонија

Инспирирај учество на младите

Главната цел на овој проект беше да го промовира процесот на структурен дијалог како ефективна алатка за дијалог на млади и носители на одлуки и да го зголеми интересот на младите да се вклучат активно во општеството. Постигнувањето на главната цел се реализираше преку организација на национален консултативен процес, со цел да се добијат информации и мислења од младите луѓе од Македонија, за приоритетите на Европската унија и препораки при процесот на подготовка на новата младинска стратегија на Европска унија. Дополнително, целта на овој проект беше и да воспостави политичка култура на учество и консултација каде што младите луѓе ќе го дадат своето мислење на темите кои ги засегаат на структуриран и организиран начин.

Најголемиот резултат од проектот е фактот што врз основа на позицискиот документ за воспоставување на тело за коменаџмент и структурен дијалог, Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на работна група за креирање на модел за коменаџмент и структурен дијалог. Со воспоставувањето на ова тело, Македoнија ќе биде првата држава од Западен Балкан која ќе има национална работна група за Структурен дијалог кое ќе допринесе за зголемување на квалитетот на младински политики во Македонија.

Период на реализација: февруари 2018 – мај 2018
Донатор: Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност, Еразмус, КА 3

Mobilizing Social Action Through Grassroots Initiatives

Национален младински совет на Македонија, во рамки на кампањата „Мрдни со прст“ поддржуваше граѓански здруженија и неформални групи на граѓани при спроведување иницијативи на локално ниво. Главната цел на кампањата беше да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Период на реализација: октомври 2016 – октомври 2017

Кампања #ИзбориСе

Целта на оваа соработка беше воспоставување и јакнење на дијалогот помеѓу политичките партии, граѓанските организаии и локалните власти за обезбедување на инклузивни процеси за креирање на младински политики. Кампањата #ИЗБОРИСЕ предвидуваше неколку активности, кои беа во насока на претстојните локални избори во Македонија кои се реализираа во 2017 година и тоа: регионални консултативни средби со млади, јавни младински форуми и спроведување на јавна и медиумска кампања преку вклучување на младински активисти на локално ниво во активирање на населението на локално ниво.

Период на реализација: октомври 2016 – октомври 2017
Донатор: Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ)

Проект „Со вештини до можности за младите”

„Со вештини до можности за младите“ е проект чија основна цел беше да ги зголеми можностите за вработување на младите и да ја поттикне нивната интеграција во пазарот на трудот.

Период на реализација: јуни 2016 – април 2017
Донатор: Британска амбасада во Скопје

Проект „Мониторинг на Акцискиот план на Стратегијата за млади на Општина Центар 2015-2017”

Главната цел на проектот беше поттикнување на транспарентност и отчетност на локалните институции преку мониторинг на Акцискиот план за локалната стратегија за млади на општина Центар за периодот 2015-2017 година. Мониторингот на Акцискиот план на Стратегијата за млади на општина Центар овозможи детален увид во текот на имплементацијата на акцискиот план кој е важен за понатамошен развој на активностите кои се во согласност со Стратегијата за млади во Општона центар. Извештајот од мониторингот како и препораките имаа за цел да помогнат во креирањето на идните акциски планови кои се однесуваат на Стратегијата за млади на општина Центар како и доразвивање на Страгијата во целост. Тоа ќе обезбеди подобар пат кон остварување на визијата и мисијата на Стратегија и воедно ќе го унапреди квалитетот на живот на младите од општина Центар.

Период на реализација: јуни 2016 – декември 2016
Донатор: Фондација отворено општество Македонија

„Младинско организирање“

Проектот имаше за главна цел поттикнување на младинско здружување и јакнење на капацитети на младинските организации да дејствуваат како генератори на активното граѓанство и младински активизам.

Период на реализација: јануари 2014 – јуни 2014
Донатор: Проект на УСАИД за граѓанско општество менаџиран од ФООМ

„Преглед на младинските политики во Македонија”

Проектот иницираше ревизија на младинските политики во Македонија, со цел да се оцени моменталната состојба со младинските политики и да се дадат насоки и перспективи во зајакнувањето на учеството на младите и младинските организации во процеси на креирање на политики. Преку истиот се адресираше потребата за зголемување на транспарентноста во процесите на креирање на политики за млади. Во рамки на овој проект беше реализирано истражување за младинските политики преку анализа на прашалник и фокус групи, како и национална конференција „Младински политики и учество на младите во процеси на креирање на политики“. Со оваа конференција се овозможи дијалог помеѓу засегнатите страни за механизмите на младинско учество и се изготвија препораки за подобрување на овие процеси. Како резултат на проектот произлезе публикацијата „Преглед на младинските политики во Македонија“.

Период на реализација: jуни 2014 – ноември 2014
Донатор: Фондација Фридрих Еберт и Фондација Конрад Аденауер

„Младинско граѓанско образование“

Проектот имаше за главна цел да ги зголеми капацитетите на младите луѓе за учество во јавниот и политички живот во Македонија преку имплементација на обуки за граѓанско образование.

Период на реализација: мај 2014 – декември 2014
Донатор: Британска Амбасада Скопје

„Инспирирај младинско учество“

Проектот беше насочен кон промоција на НМСМ на национално ниво и спроведување на две истражувања кои ја испитуваа потребата на организациите членки на НМСМ за градење на нивните капацитети, како и потребите на младите луѓе на локално ниво. Преку проектните активности се помогна да се подигне свеста за стратешките цели на НМСМ помеѓу организациите членки, младите луѓе, институциите и јавноста, а се со цел НМСМ да се позиционира како претставничко тело на младите.

Период на реализација: февруари 2015 – април 2015
Донатор: Британска Амбасада Скопје

„Младинско учество“

Главната цел на проектот беше позиционирање на Национален младински совет на Македонија како претставничко тело на младите одговорно за креирање и промоција на младински политики. Преку проектот се реализираа 11 обуки за јакнење на капацитетите на организациите членки на НМСМ и младинските организации во Македонија, беше формирана Младинската инспиративна група МК и беше креирана мобилната апликација за млади.мк.

Период на реализација: март 2015 – мај 2016
Донатор: Британска Амбасада, Скопје

„Младинска информираност“

Главна цел на проектот беше поттикнување на меѓурегионално вмрежување на младински организации како и подобрување односно, зголемување на младинската информираност на национално ниво. Проектот иницираше трајни партнерства/мрежи помеѓу организации од ист, меѓутоа што е уште поважно и од различни региони во Македонија. Преку овој проект беше создадена веб платформата млади.мк што претставува младински информатор, односно платформа за директна соработка меѓу младите и младинските организации, генератор на информации за млади од најразлични области, агрегат и филтер на информации кои се дистрибуирани до младите. Преку овој проект беше отворена и регионална канцеларија во Југоисточниот регион на Македонија.

Период на реализација: мај 2015 – март 2016
Донатор: Проект на УСАИД за граѓанско општество имплеменитран од ФООМ

АКТИВНИ ДЕНЕС – Алатки за спроведување на младинските политики

„АКТИВНИ ДЕНЕС – Алатки за спроведување на младинските политики“ е проект кој имаше за цел да ги собере седумте земји од Југоисточна Европа (Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора, Турција, Бугарија и Италија) со цел да ги истражат прашањата поврзани со имплементација на младинската политика. Проектот опфаќаше и алатки кои младинските совети и младинските организации можат да ги користат во рамки на меѓународната младинска работа, како и вклучување на младите во процесот на донесување одлуки.

Период на реализација: декември 2017 – март 2019
Донатор: Европска комисија, програма Еразмус, клучна акција 2 (К2)

Проект „Младинска медиумска писменост“

Проектот „Младинска медиумска писменост“ е проект кој НМСМ како дел од Коалицијата за медиумска писменост партнерски го реализираше со Радио МОФ, а беше финансиски поддржан од Високата школа за новинарство и односи со јавност. Проектот вклучуваше обуки за медиумска писменост за вкупно 60 млади на возраст од 16-25 години, од три градови – Скопје, Велес и Тетово. Проектот ги таргетираше младите кои имаат интерес за критичко размислување, медиумска писменост и новинарство, и чија свест за медиумска писменост е непостоечка односно на ниско ниво, но имаат интерес да земат учество во квалитетно споделување на нивните ставови и идеи, како и да известуваат за настани и случувања чија крајна цел е да предизвикаат општествена промена. Во текот на дводневните обуки преку теориски и практични вежби учесниците добија сознанија за медиумска писменост, пропаганда и разликата помеѓу етичко и неетичко новинарство, стекнаа знаења за новинарски техники и се обучија да разработуваат концепти за аудио и видео прилози, истражувачки приказни, подкасти, радио емисии. Покрај обуките за медиумска писменост за млади, предвидена беше и обука за комуникација со јавност наменета за претставници на граѓански организации кои сакаат да ги унапредат своите вештини за комуникации и односи со јавност. Главна цел на оваа обука беше тематско насочување на односите со јавност и начините на кој граѓанските организации ги споделуваат информациите до своите таргет групи кои водат до општествена промена.

Период на реализација: јуни 2017 – јануари 2018
Донатор: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста во рамки на проектот ,,Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање коалиција за медиумска писменост‘‘

Студиска сесија: Removing barriers for youth civil society to organize itself and participate – The role of National Youth Councils in the youth policy development

Студиската сесија “Removing barriers for youth civil society to organize itself and participate – The role of National Youth Councils in the youth policy development” се организираше со цел да се разменат информации, идеи и предлози за унапрeдување на положбата на младинските организации во општеството, да се идентификуваат постоечките предивици и да се разгледаат разни иновативни алатки за надмнување на посточеките предизвици на младите за да учествуваат и да се организацираат. На сесијата учествуваа претставници на Национални младински совети, меѓународни младински организации, национални младински организации, претставници на Европскиот младински форум и Советот на Европа со што се обезбеди локален, национален и европски контекс на младинските случувања. Студиската сесија се организираше во партнерство со Националните младински совети на Србија, Романија, Украина, Полска и Унгарија, а е поддржана од Европскиот младински форум и финансирана од Советот на Европа.

Период на реализација: јануари 2018 – октомври 2018
Донатор: Европска комисија

Зошто Закон за млади во РМ?

Зошто Закон за млади во РМ? е партнерски проект на Националниот младински совет на Македонија заедно со организациите членки: Сојуз на извидници на Македонија, Центар за интеркултурен дијалог, Младински образовен форум, Совет за превенција на малолетничка деликвенција – Кавадарци, Младински културен центар – Битола, АКВА – Струга, Центар за развој и унапредување на јавниот Живот – Тетово, Фондација за развој на локалната заедница – Штип и Регионален центар за општествен развој – Гевгелија. Проектот има за цел да ги информира и едуцира младите за потребата и придобивките од постоење на Закон за млади во Република Македонија. Постигнувањето на целта овој проект го предвидува преку одржување на 16 едукативни работилници за млади низ осумте статистички региони на земјата.

Период на реализација: мај 2018 – април 2019
Донатор: Фондација Отворено општество – Македонија

The Balkan Girl Power Project

The Balkan Girl Power Project е проект чија главна цел е да обезбеди тренинг и советување за изработка на фотографии кои ги изразуваат ставовите, перспективите и идеите на девојките од земјите од Западен Балкан. Активностите во рамки на Balkan Girl Power проектот ќе резултираат со зголемена видливост на перспективите на девојките од Западен Балкан за иднината на нивните земји во Европската Унија, воспоставување на неформална мрежа со повеќе од 100 девојки кои активно учествуваат во проектот, како и едукација на  девојките за креативни вештини и алатки за критичко размислување за нивната улога во општеството и во обликувањето на иднината на нивната земја и регионот на Западен Балкан.

Период на реализација: јули 2018 – март 2019
Донатор: Фонд за Западен Балкан

FABUSS (Fаmily Business Successful Succession – Успешно наследување на семеен бизнис)

FABUSS (Family Business Successful Succession – Успешно наследување на семеен бизнис) беше 24 месечен младински ЕРАСМУС проект кој се стремeше да им помогне на младите поврзани во семеен бизнис да се оспособат за ефикасно наследување на бизнисот. Целната група ја сочинуваа лица на возраст помеѓу 18 и 35 години кои сакаа да го преземат семејниот бизнис во извесен момент во иднината. Овие лица со аспирации за наследување имаат потреба од вештини и знаења за ефикасно развивање на бизнисот преку имплементирање на иновативни стратегии, вклучително и проширување на нивните пазари преку вмрежување и соработка со слични претпријатија во други земји. Главните резултати на проектот се:

  1. Идентификација и анализа на регионалните потреби во полето на семејното наследување на бизнисот и младинското претприемништво;

  2. Создавање и имплементација на интернет алатка, е-платформа за учење и подобрување на нивото на претприемачки вештини, потребни во процесот на наследување на семејниот бизнис;

  3. Поддршка и олеснување на стратешкото планирање на семејни претпријатија, засновани на реални процеси за ублажување на ризиците од неуспех во нивното наследување и управувањето со семејниот бизнис.

Период на реализација: февруари 2017 – март 2019
Донатор: Европската комисија