Повик за ангажирање на регионални набљудувачи за мерење на индексот на социјална вклученост на младите на локално ниво

Националниот младински совет на Македонија Ве поканува да аплицирате за регионален набљудувач за мерење на индексот на социјална вклученост на младите на локално ниво за потребите на проектот „Заедници инлузивни за млади“.

Главна цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. Клучните засегнати страни се младински граѓански организации, локални младински совети, единици на локална самоуправа и граѓани. Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија, заедно со партнерите Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и ЈЕП – Гостивар. Проектот „Заедници инкулзивни за млади“ е поддржан од Европската Унија и започна да се имплементира во март 2022 година, а ќе трае до септември 2024 година.

Во рамките на проектот предвидено е ангажирање на 8 набљудувачи (за секој плански регион ќе се ангажира по едно лице-регионален набљудувач) за мерење на индексот на социјална вклученост на младите на локално ниво.  Регионалните набљудувачи ќе бидат ангажиран за вкупно 6 месеци, во период од декемви 2023 – мај 2024 година.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани физички лица. Повеќе детали за
условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Целосниот повик е достапен на следниот линк.

Сподели