Повик за доставување на понуди за хотел

Националниот младински совет на Македонија Ве поканува да доставите понуда за Хотел за реализација на обуки во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“.

 Понудата треба да ги содржи следниве информации:

  • Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
  • Потпишана изјава (за правни субјекти) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4);

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица.

Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Понудата треба да се достави во рок од 10 дена од датумот на повикот, не подоцна од 09 февруари 2023 година (четврток), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени. 

Сподели