Прирачници за ментално здравје за млади

Имајќи ги на ум сите предизвици со кои младите се соочуваат секојдневно, грижата за менталното здравје не смее да биде запоставена!

Токму затоа, во склоп на нашата програма за ментално здравје која е дел од проектот проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите”, покрај обезбедување на бесплатни сесии со психолог за млади лица, се изработија три прирачници за ментално здравје за млади, со фокус на депресија, анксиозност, панични напади и стрес.

Прирачникот за депресија има за цел да им помогне на младите да се информираат за депресијата како состојба, како и да им понуди практична помош при справување со истата.

Прирачникот за анксиозност и панични напади има за цел да им помогне на младите да се информираат за анксиозноста и паничните напади, како и да им понуди практична помош при справување со истите.

Прирачникот за стрес има за цел да им помогне на младите да се информираат за стресот како состојба, како и да им понуди практична помош при справување со истата.

Сподели