Повик за обучувач/и
За потребите на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, отвораме Повик за обучувач/и за обуки за меки вештини, претприемништво и за прибирање средства за социјални претпријатија во Македонија.
За повикот:
Во рамки на активноста, НМСМ има потреба од ангажирање на :
- Обучувачи (2) за одржување на обуки на тема soft skills (меки вештини), со вкупно опфат од 100 учесници, преку 4 тренинзи;
- Обучувачи (2) за одржување на обуки на тема fundraising and community engagement (прибирање средства и комуницирање со заедницата), со вкупно опфат од 100 учесници, преку 4 обуки;
- Обучувачи (2) за одржување на обуки на тема претприемништво/социјално претприемништво, со вкупно опфат од 100 учесници, преку 4 обуки.
Обуките ќе бидат поделени во три програми:
- Обуки за меки вештини, со кои најмалку 100 невработени млади лица и млади лица вработени во социјални претпријатија ќе развијат меки вештини како комуникација, лидерство, тимска работа, професионални вештини, ИТ меки вештини, итн. Обуките ќе се одржуваат со физичко присуство, имајќи предвид дека меките вештини полесно се пренесуваат во живо. Секоја од обуките за меки вештини ќе трае 3 дена.
- Обуки за претприемништво, со кои најмалку 100 невработени млади лица ќе се стекнат со потребните знаења за основање и управување со сопствено социјално претпријатие, како развој на бизнис план, запознавање со законските и административните одредби за започнување и управување со социјално претпријатие, управување со човечки ресурси, вмрежување итн. Секоја од обуките за претприемништво ќе трае 2 дена и истите ќе се одвиваат онлајн.
- Обуки за прибирање средства и за комуницирање со заедницата, со кои најмалку 100 потенцијални млади претприемачи и млади лица вработени во постоечки социјални претпријатија ќе бидат обучени како успешно да водат кампања за прибирање финансиски средства за нивното социјално претпријатие и како да комуницираат со нивната заедница и целна група. Обуките ќе траат 2 дена и ќе се одржуваат онлајн.
Работни задачи на тренери:
- Спроведување на 4 обуки со опфат од 100 млади лица;
- Подготовка на агенда и материјали за обуките;
- Подготовка на извештај за спроведените обуки и постигнатите резултати на англиски јазик.
Начин на аплицирање:
Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1-1, 1000 Скопје) или скенирана на е-поштa [email protected]. Како наслов на електронската порака наведете: ,,Апликација/Понуда за тендер бр. IPA/2021/427-552/2022/01-18/1, најдоцна до 28.01.2023 година, до крајот на денот.
Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
- Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 3);
- Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една годинa;
- Методологија (анекс 6);
- Биографија на тренерот со референци/Портфолио на правниот субјект и биографии на тимот кој ќе работи на тренингот;
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, анекс 5);
- Потпишана изјава (за правни субјекти) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4).
Сите потребни документи можете да ги најдете на овој ЛИНК.
Целиот повик е достапен на овој ЛИНК.