Продолжен повик за ангажирање на мобилизатори (двигатели) на заедницата

Националниот младински совет на Македонија како партнер на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), работи на проектот “Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија”. Проектот е на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност. За целите на проектот, проектниот тим ангажира мобилизатори (двигатели) на заедницата.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете ТУКА.
Рок за аплицирање: 15.12.2019, 23:59h.
E-mail: [email protected]

*НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека за истото има потреба

Сподели