ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Согласно член 59 и 60 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија, Управниот одбор на Националниот младински совет на Македонија донесе одлука за распишување на:

ОГЛАС

ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

 

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:

Генералниот секретар на НМСМ управува со Секретаријатот на НМСМ; Го претставува НМСМ во правниот промет; Менаџира со човечките ресурси и финансиските средства на НМСМ; Креира политики и програми за внатрешен развој на организацијата; ги имплементира сите насоки дадени од Собранието и Управниот одбор на НМСМ согласно стратешките документи.

 

Задачи и одговорности на Генералниот секретар:

  1. Го претставува и го застапува НМСМ во правниот промет и кон трети лица;
  2. Управува со средствата на НМСМ во согласност со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на НМСМ;
  3. Ги спроведува политиките, заклучоците и одлуките донесени од Управниот одбор, Собранието и другите тела на НМСМ во согласност со Статутот;
  4. Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат програмите на НМСМ и го следи нивното спроведување; 
  5. Ја предлага организациската структура на Секретаријатот до Управниот одбор.
  6. Ги координира процесите на застапување во координација со програмските менаџери и менаџерот за комуникации;
  7. Менаџира со човечките ресурси на Секретаријатот на НМСМ;
  8. Изготвува и поднесува годишни наративни и финансиски планови и извештаи до Управниот одбор;
  9. Обезбедува финансиска одржливост на организацијата;
  10. Раководи со процесот на изработка на стратешки, годишен и акциони планови на организацијата во соработка со Управниот одбор;
  11. Одобрува извештаи и други документи кои ги изработуваат вработените во Секретаријатот на НМСМ;
  12. Го претставува НМСМ и оддржува редовна комуникација со сите донатори на организацијата; 
  13. Креира и имплементира активности и планови со цел постигнување на стратешките приоритети, мисијата и визијата на НМСМ;
  14. Други активности во насока на остварување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.

 

Квалификации:

  • Најмалку 5 години релевантно менаџерско работно искуств;
  • Искуство во менаџирање на човечки ресурси;
  • Познавање на локални, национални и меѓународни младински политики;
  • Напредни меки вештини;  
  • Познавање на младинскиот сектор;
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office,  Google алатките;
  • Вештини за административно работење;
  • Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Познавање албански јазик ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во мрежи се смета за предност; 
  • Завршено високо образование во релеванта област (општествени науки) се смета за предност.

 

Специфични знаeња и искуства поврзани со соодветната позиција:

  • Минимум 3 години работно искуство во младински организации
  • Финансиско раководење;
  • Менаџмент на човечки ресурси;
  • Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од меѓународни донатори;

 

Искуство во мрежни типови на организации (препорачливо);

  • Познавање на организациски менаџмент и институционален развој.

 

Лични карактеристики и вештини:

  • Лидерски вештини;
  • Професионалност и посветеност;
  • Комуникациски вештини;
  • Работа со куси временски рокови;
  • Транспарентност;
  • Тимска работа;
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели;
  • Презентирачки вештини;
  • Преговарачки вештини;
  • Посветеност кон вклучување на целните групи.

 

Услови за работа:

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно, со 3 месеци пробен период), повремена работа за викенди и вклучува патување.

Мандатот на Генералниот секретар е 3 години со можност за реизбор.

Платен годишен одмор согласно Закон за работни односи.

Дополнително приватно здравствено осигурување

Износ на плата: почетна нето плата од 45.000,00 денари, со можност за покачување во зависност од искуството и перформансот на работење.

 

Рок и начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо;
  • Најмалку две препораки од претходни работодавачи/лица коишто се запознаени со работата на апликантот;

 

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: [email protected] со назнака: Пријава за Генерален секретар на НМСМ.

Рокот за поднесување на сите кандидатури е 25.12.2023г, 23:59 часот.

 

Начин на селекција:

Процесот на селекција се состои од неколку фази. Во првата фаза кандидатите кои ќе бидат пред-селектирани, ќе добијат тест задачи кои се однесуваат на планираното работење согласно одговорностите на позицијата. Во втората фаза, оние кои успешно ја поминале претходната фаза, ќе бидат поканети на интервју со Управниот одбор на НМСМ.

Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по донесената одлука на Управниот одбор на НМСМ, но не подоцна од 15.01.2024г.

Само пред-селектираните кандитати ќе бидат известени за резултатите.

 

За повеќе информации обратете се на нашата мејл адреса [email protected] или на  телефонскиот број +389 78 350 531.

Сподели