Повик за доставување на Понуди за Хотел за промоција на основна студија за социјалните претпријатија во Северна Македонија

За потребите на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, Националниот младински совет на Македонија Ве поканува да доставите понуда за Хотел за реализација на промоција на основна студија за социјалните претпријатија во Северна Македонија.

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

  • Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
  • Потпишана изјава (за правни субјекти) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4)

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни лица. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Барање за понуди“.

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени. 

Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1-1, 1000 Скопје) или скенирана на е-поштa [email protected], a како наслов на електронската порака наведете: ,,За тендер бр. IPA/2021/427-552/2022/09-29/1  и текстот „Апликација/Понуда за”.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“. 

Понудата треба да се достави во рок од 10 дена од датумот на повикот, не подоцна од 08.10.2022 година (понеделник), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени. 

Сподели